Колин Фарел е во топ форма додека одмара од снимање на нов филм

Ирскиот актер покажува импресивни мускули на фотографиите кои папараците ги направија во понеделникот кога го забележаа на улиците во Лос Анџелес.

44-годишниот Колин Фарел, облечен во бела маичка без ракави и долни тренирки, е доказ дека редовното вежбање резултира во добро обликувани и изградени бицепси.

Ѕвездата на „Телефонска говорница“ (Phone Booth), а сега лошиот пингвин во новиот “Бетмен“ ги покри устата и носот со црна маска за лице среде пандемија на коронавирус.

Колин може да се види во научнофантастичната авантура „Артемис Фаул“, кој почна да се прикажува овој месец на стриминг-платформата „Дизни +“ откако неговата премиера во киносалите беше откажана поради пандемијата на Ковид-19.

Ирскиот актер ќе го глуми пингвинот, негативниот лик во новото продолжение на блокбастер-серијалот за човекот лилјак, „Бетмен“.

Новиот „Бетмен“ се снима под називот „Одмазда“, а покрај Колин, во филмот глумат Роберт Патинсон во улогата на Бетмен, Пол Дано како Ридлер, Џон Туртуро како Карман Фалкон, Зое Кравиц како „кетвоман“ или жена мачка..

Текстот Колин Фарел е во топ форма додека одмара од снимање на нов филм е превземен од МАКФАКС.