Како не му дадоа „Златна топка“! Левандовски со фантастична асистенција

Роберт Левандовски минатата сезона ја освои тројната круна со Баерн Минхен, постигнувајќи неверојатни 55 голови, но сепак, не ја доби „златната топка“ откако „Франс фудбал“ реши да не ја додели наградата поради корона вирусот, нанесувајќи му вистинска неправда на Полјакот.

Тоа очигледно не го обесхрабри Левандовски, кој новата сезона ја стартуваше со 8:0 победа над Шалке, меч во кој постигна гол од пенал, но ја имаше и оваа апсолуно неверојатна асистенција до Томас Милер!

Текстот Како не му дадоа „Златна топка“! Левандовски со фантастична асистенција е превземен од МАКФАКС.