Исторски договор за Ван Влит

Фред Ван Влит потпиша историски договор со својот тим Торонто Репторс. Ван Влит на крајот од сезоната стана слободен играч, но реши да остане во Торонто.

Плејмејкерот ќе потпише четири годишен договор кој ќе му донесе 85.000.000 долари.

Овој договор е историски во лигата, бидејќи го доби кошаркар кој не бил избран на драфтот.

Минатата сезона, во која Репторс не успеаја да ја одбранат титулата, Ван Влит, имаше просек по натпревар од 17,6 поени и 6,6 асистенции.

Наредната сезона ќе биде петта за Ван Влит во дресот на Торонто Репторс.

Текстот Исторски договор за Ван Влит е превземен од МАКФАКС.