Интензивни дигитални едукации за штипските образовни едукатори

Штипскиот наставен кадар од понеделник ќе отпочне со следење на интензивна едукација за модернизирање на образовниот процес. Дигитализацијата во образовниот процес е во фокусот на планираните обуки. Ова уследи по  креирањето на единствената национална платформа за оналјн учење. Веќе подготвената платформа како влог во иднината и модернизација на  образованието ќе им донесе радикална промена во начинот на работа на наставниот кадар. На изучување на имплементирање на платформата ќе бидат подложни сите наставници и професори се со цел да се  обезбеди добар баланс помеѓу обезбедување на добро образование и заштитата на јавното здравје.

Освен изучувањето на начините за функционирање и ползување на ефектите од платформата, наставниците во улога на ученици ќе мораат да ги совладаат сите дигитални вештини за напредок во образовниот процес и нивниот професионален развој. Од 1 октомври и самите ученици ќе може да предлагаат надоградување и менување на платформата и со тоа директно да се вклучат во изработката на решенијата што тие ќе ги сметаат прилагодени за нив.

Маре Стојилова М нет

Дарко Донев М нет