Иличиќ се вратил во Словенија, нема да игра во ЛШ

Јосип Иличиќ го напуштил тренинг-кампот на Аталната и со семејството се вратил во Словенија. Ова е голем удар за екипата од Бергамо пред четврт-финалниот натпревар во Лигата на шампионите со ПСЖ.

Иличиќ по ре-стартот на сезоната во Серија А одигра само пет натпревари. На натпреварите на кои играше не беше ниту сенка од фудбалерот кој блескаше до моментот кога сезоната беше прекината. Последениот настап за Аталанта Иличиќ го имал на 14 јули.

„Скај Спорт Италија“ објави дека клубот му дозволил да замине во Словенија бидејќи фудбалот не му бил во мислите. Овој медиум шпекулира дека Иличиќ има проблем кој нема врска со фудбалот и потсетува дека пред две години Иличиќ размислувал да ја прекине кариерата поради мистериозна болест.

Од друга страна „Ла Република“ тврди дека Иличиќ паднал во длабока депресија, бил погоден од карантинот и пустошот што го предизвика коронавирусот во Бергамо, кога само во еден месец починале 4.500 жители.

Иличиќ сезонава настапил на 34 натпревари за Аталанта, постигнал 21 гол и забележал осум асистенции.

Текстот Иличиќ се вратил во Словенија, нема да игра во ЛШ е превземен од МАКФАКС.