
Младиот штипски стратег Иван Варадиновски останува на тренерското столче во Детонит Плачковица, откако радовишкиот второлигаш и штипјанецот ставија потпис на нов договор.
Варадиновски имаше одличен престој во Радовиш откако Детонит Плачковица сезоната ја заврши на високото 3. место и играше бараж со скопски Вардар за Прва лига, но загуби со 2:0 на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со што Детонит Плачковица остана второлигаш, но ја има сезоната за паметење.
Варадиновски сега ќе треба да го крои тимот за следната сезона, а како што дознава телевизија М Нет Детонит Плачковица го задржа костурот на тимот за следната сезона, па сега ќе се работи на ангажирање на нови засилувања.
Варадиновски пристигна како наследник на Горан Здравков пред година и пол и во таа сезона заврши на 5. место на табелата, додека минатата сезона заврши на третото место, сезона што е најдобра за Детонит Плачковица.
Александар Ванев, М-Нет