Зошто „Макфест“ годинава наликува на „Сан Ремо“

Екипа од 30 луге неколку тонска опрема, расветла и кабли на сите страни, проба број еден, проба десета по ред се наштимува и подредува по предходно добра осмислена програма за работа. Се подготвува снимање од земја и снимање со дрон. Секој детал од музичкиот празник  се следи од птичја перспектива, оваа година во стилот на светските фестивали дронот ја долови макфестовската магија. На почетокот огромен хаос и страв дека сепак нешто ќе ја наруши замислата, предходно создадената визуелизација на гламурозната сцена, но само по неколку часа синхронизирана работа на добро уиграниот тим  професионалци, следи неверојатен епилог и гордост што сепак целата екипа успеала беспрекорно да функционира оставајки позади себе музичка,светлосна, емотивна  импресија за паметење кај секој гледач.

„Влегуваме со позитивна енергија ние сме 30 луге, секој камерман ме слуша од монтажното возило, работиме синхронизирано и професионално. Јас сум вработен во МРТВ ,работам на забавни програми, документарни емисии ги работам како телевизиски пренос сите фестивали во државата. Оваа работа ја работам цели 33 години како режисер“ изјави за М нет Перо Попов режисер и раководител во сектор продукција при МРТВ.

  Импресии во стилот на светските фестивали и момент за паметење синоќа понесе секој посетител од ревијална макфестовска вечер, и ониегледачи пред малите екрани кои го следеа директниот пренос на штипскиот фестивал од страна ма МРТВ, не останаа рамнодушни ниту на слушнатото ниту на виденото. Бројни пофалби за сработеното доби и првиот во екипата на нациналниот јавен сервис  режисерот Перо Попов.

.Григор Копров беше воодушевен и ни рече ова изгледа како Сан Ремо и навистина беше магично.

Синоќешното искувство е ново и не толку вообичаено, но се покажа како многу позитивно велат организаторите.Според искусното око на овој доаен во македонската режисерската фела и за догодина ќе има сериозни настојувања „ Макфест“ да се случи под отворено небо.

Маре Стојилова М нет

Дарко Донев М нет