Згасна млад живот во сообраќајна незгода утринава на автопатот Штип Миладиновци

Сообраќајна незгода со трагични последици утринава се случи на автопатот Штип Миладиновци, во близина на село Ерџелија, светиниколско, откако патничко моторно возило излетало од патот. Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здоби возачот С.М. од светиниколско која беше пренесена во Клиничката болница Штип. Од таму го потврдуваат настанот. Потпаролот на КБ Штип, Марина Шуманска во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека лицето било донесено во критична состојба со крварење и скршеници во исклучително тешка состојба. Напорите на докторите од Клиничка болница Штип да го спасат пациентот не вродиле со плод и пациентката починала.  Ќе се утврдуваат причините за настаната сообраќајна незгода.

Лаура Стојанова М-Нет