Заев од Велес: Бидете горди, со членството во НАТО добивме имотен лист на државата

„Драги велешани бидете горди, добивме имотен лист за државата. Вечерва Македонецот Заев им се обраќа на Македонците од Велес, македонско оро се играло и ќе се игра од двете страни на Вардар векови нанапред. Добивме лична карта во ОН. Во графата стои Македонци/ граѓанин на Република Северна Македонија кои зборуваат македонски јазик. Договорите што ги постигнавме со Бугарија и Грција ни беа влезна карта во НАТО и ЕУ. Срцето ни се топеше од радост кога се креваше знамето на НАТО пред нашиот Парламент и кога нашето знаме се креваше пред седиштето на НАТО“, рече претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев на вечерашната граѓанска трибина во Велес.

Заев порача дека завршено е времето кога милијарди евра пари на граѓаните одеа во споменици, на жални врби, барокни фасади, стиропори и граѓаните се одлучни дека не сакаат враќање во тоа мрачно режимско минато.

„Го победивме времето на страв и трепет, времето на закани и уцени, на хибриден режим, времето кога не раскаруваа со сите дома и со сите соседи надвор, времето во кое што беше апатијата вгнездена во нашата земја заради тоа што немаше абер некој кога ќе добиеме одлука за почеток на преговорите со ЕУ или ќе станеме членка на НАТО, никој не зборуваше за тоа. И сега доаѓаат секој ден овде и Мицкоски и Јанушев и ви ветија НАТО и ЕУ? Никој од нив не вети НАТО и ЕУ, затоа што НАТО и ЕУ се завршени работи“, додаде Заев.

Текстот (Видео) Заев од Велес: Бидете горди, со членството во НАТО добивме имотен лист на државата е превземен од МАКФАКС.