В недела ќе се освети црквата „Свети Илија“ во село Аргулица, Општина Карбинци

Во недела на 13 август ќе се освети црквата во село Аргулица, Општина Карбинци. Црквата го носи името на „Свети Илија“ кога впрочем е и славата и верници во голем број ја посетуваат истата. Темелите на црквата биле поставени во 1997 година, за денеска после 26 години истата да се освети.

По ставањето на темелите на црквата „Свети Илија“ во Аргулица со донација од страна на граѓаните почнала и нејзината изградба. Од црковниот одбор повикуваат на масовност во недела кога ќе се освети црквата, додвајќи дека понатаму продолжуваат со доуредување на црквата.

Лаура Стојанова М-Нет