(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета.

Според Ројтерс, безживотното тело на една постара жена е пронајдено во поплавена куќа во село во близина на градот Фарсала, а подоцна телото на 63-годишен маж е пронајдено недалеку од болницата во градот Кардица, но не е јасно дали тој е едно од двете лица кои претходно биле пријавени за исчезнати.

Во поплавената Кардица се урнал мост, а невремето денеска пристигна во поширокиот дел на Атина, но засега нема извештаи за штети.

Железничките линии помеѓу Атина и Солун се привремено прекинати.

Ураганот Јанос вчера го погоди западниот брег на Грција, соборувајќи дрвја и предизвикувајќи поплави и прекини на електричната енергија.

Текстот (Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција е превземен од МАКФАКС.