Болоња во 60. минута водеше со 3-1, на крај остана со „празни раце“

Голеада на „Ренато Дал`Ара“ во Болоња. Пулените на Синиша Михајловиќ загубија речиси добиен меч.

Сасуоло се врати по негатива од 2 гола и на крајот ги собра трите бода од гостувањето, 3-4.

Сориано уште во 9 минута донесе предност од 1-0 за домашната екипа.

Гостите израмнија на 1-1 во 18-та, со голот на Берарди.

Сепак, на одмор се заина со предност за Болоња. Стреле за 2-1 на полувреме беше Сванберг во 39 минута.

Во вториот дел Болоња која го имаше одличниот Скорупски на голот успеа и да ја зголеми предноста. Голот за 3-1 во 60 минута го постигна Орсолини. Оттука почнува агонијата на домашните.

Најпрво во 64 минута Ѓуручиќ намали на 2-3, а 6 минути подоцна Капуто прецизно стрелаше за 3-3.

Голот за победа на Сасуоло всушност беше автогол на Томиаси, со 77 минута.

Ова беше трет триумф за Сасуоло сезона и со само една нерешена моментно се втори на табелата, зад лидерот Милан.

Текстот Болоња во 60. минута водеше со 3-1, на крај остана со „празни раце“ е превземен од МАКФАКС.