
Со радосна вест започна новата 2026 година во Кочани. На големиот христијански празник Божиќ, утрово на 7 јануари, на Акушерското одделение при Општата болница во Кочани се роди првото бебе годинава.
Првороденото бебе е машко, а од болницата информираат дека и мајката и новороденчето се во одлична здравствена состојба.