Бобан Николов специјално за Мнет ТВ : Кога сум со Јане целиот се исполнувам и излегувам позитивно,како друг човек

Божиќните и новогодишните празници се можност после напорната сезона спортистите конечно да се сплотат со своите најмили, фамилиите,роднините, другарите. Напорната сезона се прекинува, се слават празниците, се полнат батериите во родните краишта за подобро и посигурно утре.

Бобан Николов конечно е во својот роден Штип. Беше гостин на нашата Мнет телевизија и ексклузивно со својата појава го прикажуваме во неговото вистинско и човечко светло.

Веќе трета година Бобан Николов настапува во Унгарската Прва OTP BANK лига како стандарден првотимец на екипата на Мол Фохервар која есенскиот дел го заврши на високото 2 место со 29 бодови веднаш зад првопласираниот Ференцварош со 38 бодови.

Колку за потсетување на трето место е екипата на МТК за која настапува вториот штипјанец Бојан Миовски со 25 освоени бодови.

Специјално за Мнет ТВ Бобан Николов си ја отвори душата, за миг заборави на напорната сезона и се префрли на темата за втората негова „љубов“ после фудбалот , а тоа е хуманоста која е во неговата душа. – „ Искрено сите знаат за моето пријателство со Јане Велковски со кого веќе 4-5 години се познаваме, хуманоста е нешто возвишено за кое треба срце, треба да се помага постојано и за тоа не би требало да знае цела Македонија.

Доволно е тоа да го правиш искрено во себе и постојано со сите оние деца кои ги сакаш, почитуваш, со цел еден ден и тие да успеат во својот живот и да постанат свои луѓе. Хуманоста се носи во себе, еве да откријам една тајна за вас, ќе одам кај Јане, ќе другаруваме, ќе си играме, ќе разговараме, таму кај Јане и ќе преспијам. Кога излегувам од таму се осеќам исполнет, позитивен, едноставмо се чувствувам како друг човек“. – изјави Бобан Николов

Како вистински професионалец и фудбалер кој го почитува својот углед и пред се угледот и лoјалноста кон својот сегашен клуб Бобан Николов енергично ги отфрла сите шпекулации за негов нов клуб или заминување од Унгарија.

Единствена цел на Бобан Николов и на оваа сјајна македонска фудбалска генерација е што подобро да се подготват за претстојното Европско првенско со кое тој и неговите репрезентативни соиграчи ја израдуваа македонската фудбалска јавност и за прв пат во историјата ќе се појават на европската фудбалска сцена. Во името на целокупната редакција на Мнет телевизија на Бобан Николов и на неговите најблиски нека им се среќни Божиќните и Новогодишните празници.

https://www.facebook.com/100397231564406/posts/221099189494209/

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk