Бен Афлек јавно ја покажува својата љубов кон Ана де Армас

Бен Афлек и неговта девојка Ана де Армас во понеделникот беа во Санта Моника, Лос Анџеле, додека Ковид-19 го присили градот повторно да се заклучи, затворајќи ги баровите, спортските сали, плажите и многу јавни објекти.

Бен и Ана, кои се сретнаа на снимање на филмот „Длабоко Вода“, се впуштија во романтична прошетка покрај плажа со своите домашни миленици, јавно покажувајќи ја својата љубов.

 

Ѕвездата на „Армагедон“ и добитник на Оскар за режија („Арго“) е во врска со 32-годишната Кубанка номинирана за „Златен глобус“ веќе неколку месеци.

Актерите се запознаа и се вљубија на снимањето на трилерот „Длабока Вода“ чија премиера се очекува на 13 ноември.

Убавата Кубанка веќе се запозна со децата на Афлек од бракот со Џенигер Гарнер – ќерките Вајолет (14) и Серафина (11) и синот Семјуел – како и со неговата мајка Кристина.

Пред избивањето на пандемијата на коронавирус во март, Афлек требаше да започне со снимање на „Последниот дуел“ во кој глуми заедно со пријателот од детството Мет Дејмон.

Текстот Бен Афлек јавно ја покажува својата љубов кон Ана де Армас е превземен од МАКФАКС.