Бајден најавува промена на американскиот пристап кон косовското прашање

Демократскииот кандидатот за претседател на САД, Џо Бајден изјави дека ќе го смени, како што рече, „неизбалансираниот пристап“ на администрацијата на Трамп кон Србија и Косово.

Тоа ќе се случи со обновување, на како што вели, правдата и еднаквоста во односите.

Во документот „Визија за односите со Албанија и Косово“, Бајден зборува за неговите планови за идните односи на Балканот и наведува дека како сенатор ги бранел интересите на Косово кога фокусот на светот бил на друго место и ја поддржувал неговата независност, што според него е неповратен процес, пишува приштинскиот портал „Репортери“.

Бајден ветува дека ќе работи во партнерство со Европската унија за заживување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, со цел стабилизирање, правично решение и сеопфатен договор кој, како што вели, ќе го почитува територијалниот интегритет на Косово и ќе постигне целосно заемно признавање.

Бајден исто така најавува дека ќе инсистира правдата за воените злосторства да се спроведува без страв и дека ќе бара целосна и брза одговорност за исчезнатите, вклучително и браќата Битичи, пренесува „Репортери“.

Текстот Бајден најавува промена на американскиот пристап кон косовското прашање е превземен од МАКФАКС.