Бартомеу: Ништо од Нејмар и Лаутаро ова лето

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу ги потврди шпекулациите дека клубот нема да се обиде да го врати Нејмар на „Ноу Камп“, ниту да го донесе Лаутаро Мартинез од Интер поради финансиското влијание на корона кризата.

Нејмар беше блиску до враќање во Каталонија минатата година, кога Лионел Меси јавно побара да се одвојат средства за Бразилецот, но тоа не се оствари, и сега Бартомеу признава дека големите зделки ќе почекаат друго време.

„Во оваа ситуација, тоа е неостварливо. Ниту ПСЖ сакаат да го продадат, бидејќи е еден од најдобрите на светот, ниту постојат средства. Минатото лето беше многу тешко, но овојпат нема да се обидеме. Ситуацијата е јасна – клубот загуби 200 милиони евра од март до јуни, а во 2020/21 очекувавме приход од 1.1 милијарди евра, но оваа сума ќе биде намалена за најмалку 30 отсто. Ако ситуацијата со пандемијата не стане подобра, нема да има публика, музеј, продавници и ќе продолжат загубите. Мораме да се адаптираме“, вели Бартомеу во интервју со каталонскиот весник „Спорт“.

Барса нема пари – Бартомеу ги прекинал преговорите со Интер за Лаутаро

Текстот Бартомеу: Ништо од Нејмар и Лаутаро ова лето е превземен од МАКФАКС.