Агуеро е пред можна казна од ПЛ откако „гушна“ судијка

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро на вчерашниот меч против Арсенал ја спушти раката на рамото на помошникот судија – Сиан Мејси-Елис, жената која со години суди во Премиерлигата.

Доволен беше еден потег со раката за англиските медиуми да го окарактеризираат како сексизам.

Иако не направи ништо непристојно, допирот со судијката денеска е главна тема во англиските медиуми.

Легендарниот напаѓач на Арсенал, Јан Рајт кој сега работи како коментатор веднаш го нападна Аргентинецот:

„Агуеро никогаш не би го направил тоа доколку судијата беше маж. Вака се чувствува надмоќно. Многу грдо и непотребно е тоа што го направи“ рече Рајт.

Текстот Агуеро е пред можна казна од ПЛ откако „гушна“ судијка е превземен од МАКФАКС.